Мирни Велигденски празници на Токсикологија – Нема прејадени со јајца и мрсна храна!

Велигденските празници поминуваат мирно на Токсикологија. Денеска до пладне на Клиниката не е регистриран ниту еден случај на прејадени со јајца или останата мрсна храна.
-Вакви пациенти кои се прејадени не се регистрирани овие денови, имаме пациенти со друга патологија, изјави д-р Данил Петровски, дежурен лекар на Клиниката за токсикологија.
Од Токсикологија не ја исклучуваат можноста во текот на вечерта кај нив помош да побараат и прејадени граѓани бидејќи сеуште трае продолжениот празничен викенд.
-Советуваме да се јаде умерено, за да граѓаните немаат проблеми со здравјето, додаде д-р Петровски.
На Клиниката ниту лани немаше прејадени граѓани, за разлика од пред неколку години кога евидентирани беа и по триесетина лица кои претерале со храната или алкохолот. И годинава во саботата ноќта три лица на возраст помеѓу 18-23 години со алкохолно труење биле примени на Клиниката.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.