Мирисот на греено винце потсетува на пријатни моменти, еве како се приготвува

Грееното вино е добро за здравјето на организмот. Ги штити срцето и крвните садови. Го спречува воспалението и помага за проблемите со висок притисок. Може да го користите и за да ги ублажите симптомите на настинка и грип.
СОСТОЈКИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ГРЕЕНО ВИНО:
Четири лимони
Два портокали
Две шишиња црвено вино
1,2 литри вода
16 каранфилчиња
Две стапчиња цимет
150 гр. шеќер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Турете вино и 1,2 литри вода во сад со поклопец. Додајте кора од портокал, каранфилче и стапчиња цимет.
Почекајте да зоврие, а потоа намалете ја температурата и оставете го на огин еден час. Засладете со шеќер според вкус. Послужете со портокали и лимони.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.