Министерството за здравство подготвено за УЕФА Суперкупот во Скопје

Во пресрет на УЕФА Суперкупот, Клиниката за токсикологија обезбеди двојни екипи за дежурање во наредните 48 часа, како и дополнителни екипи на повик, соопшти Министерството за здравство.

Со цел поуспешна евентуална здравствена помош на гостите, од Министерството апелираат и потсетуваат граѓаните на Скопје да ги користат услугите на Ургентниот центар во Градската општа болница „8 Септември“ како најблиска установа каде можат да ги добијат неопходните здравствени услуги.

Исто така, и во рамки на службата за Итната медицинска помош при Здравствен дом Скопје, како што се наведува, обезбедени се дополнителни екипи, а возила на Итна медицинска помош ќе бидат присутни и на плоштадот Македонија каде ќе се одвива централниот пренос.

Од Министерството за здравство посочуваат дека упатиле укажување до сите јавни здравствени установи за повисок степен на подготвеност, односно да обезбедат доволно тимови за евентуално зголемување на бројот на пациенти.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.