Министерството за здравство ја следи состојбата со епидемијата на морбили во Србија
Македонските здравствени власти будно ја следи состојбата со епидемијата на морбили во Србија каде досега има околу 5000 заболени и 19 смртни случаи. Од министерството за здравство информираа дека од понеделник кога почнува емропската недела на имунизација ќе се проверуваат сите вакцинални картони на децата дали се заштитени од мали сипаници. Загрижува состојбата во Скопје каде опфатот со МРП вакцината е под 60 проценти. Во првите три месеци во земјава регистрирани се 11 случаи со морбили.
-За среќа кај нас немарегистрирано поголем број смртни случаи, но ние будно ја следиме состојбата . Во фаза сме на формирање на национално координативно тело за вакцинација кое ќе ги следи сите овие работи на осовременување на календарот за вакцинација и целокупниот процес, изјави Венко Филипче, министер за здравство.
Филипче најави дека со нови кампањи министертсвото ќе ја подигнува свеста кај населението и здравствените работници за бенефитот од вакцините.
Со намалениот опфат на имунизација кој во поголемите градови е околу 90 проценти Македонија е во групата на високо ризични земји за опасност од сериозни заразни болести.
Под мотото “Заштити, спречи, вакцинирај “ земјава 13-та година по ред со забавно едукативен настан во градскиот парк ја одбележува Европската недела на имунизација