Министерството за здравство бара од Владата да ги укине економските директори на клиниките и болниците!

310

Министерството за здравство бара од Владата да ги укине економските директори на клиниките и болниците. Според информации на Сител доставиле предлог закон по скратена постапка за измени и дополнувања на законот за здравствена заштита со кој беа именувани овие менаџери иако многумина беа разрешени паралелно со назначувањето на нови медицински директори.
Токму и несогласувањето меѓу организациските и новите први луѓе лекари на јавните здравствени установи е една од причините за законски измени кои ги бара ресорното министерство бидејќи се создавале проблеми во функционирањето на установите поради врзаните потписи за одредени постапки или набавка на медицински материјали. Од друга страна со укинувањето на економските директори ќе се намалеле и трошоците за платата која ја добивале стои во целта на предлог законот.
Иако Таравари ова го најави веднаш по стапувањето на функцијата законските измени се бараат после два месеци.
Денеска од министерството за здравство не добивме одговор дали економските менаџери ако не се разрешени ќе добијат друга позиција или ќе останат без работа и колку пари би заштедила една клиника.
Нема ниту официјална информација дали и во иднина со ФЗОМ ќе раководат двајца директори.
Економските директори беа воведени пред 11 години. Според тогашните законски измени втор директор добија сите клиники, институти, клинички болници и останати ЈЗУ со над 1000 вработени.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.