Министерот за здравство ќе ги вклучува пациентите во мониторирање на тендерите за набавка на лекови

Владата ги повика граѓанските здруженија да се вклучат во мониторирање на постапките за јавни набавки. Тоа значи дека и пациентите ќе имаат целосен увид во тендерите за лекови. -Конкретно здруженијата на ретки болести се членови на таа комисија и имаат активно учество во работата на таа комисија, на која што практично се зборува за нивните потреби. Сметаме дека не треба да има наметнато решение, треба сите да се согласни дека тоа е решението кое што најмногу им е потребно. За таа цел во сите досегашни постапки на подготовка на тендерската документација во однос на количините и типот на лековите, конкретно за ретките болести беа присутни сите здруженија во кои членуваат токму пациенти или родители на пациенти со ретки болести. Не само самата постапка туку и подготовката на постапката за јавни набавки е транспарентна и отворени сме тие луѓе кои се директно засегнати од тоа да имаат увид во постапката“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој кажа дека веќе се донесени измените на Законот за лекови во делот на паралелен увоз и со промената на законот дополнително освен обезбедувањето на квалитетни лекови ќе има и соодветно планирање на количините на лекови со соодветни резерви.

Со целосна транспарентност на постапките за јавни набавки, според Филипче и ќе се интензивира и борбата против корупцијата.

„Со увид во ризик факторите при процесот на јавните набавки ќе се намали ризикот од судир на интереси. Целата е навреме да се согледаат ризиците и судирот на интереси, за да се спречи непотизам и блиски контакти со компании и пријатели. Се прават анализи во промената на самите тендерски постапки, се проценуваат потребите од самата количина на лекови, за да се намали потребата од интервентен увоз. Но, се прават и обиди за заштеда од неколку милиони евра, со кои ќе обезбедиме подобри услови за пациентите преку систем за централизирани набавки“, рече Филпче.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.