Министерот Таравари во потрага по стратешки партнерства во САД

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со делегација од кабинетот, од денеска е во петдневна работна посета на Соединетите Американски Држави.

Работната посета почнува во Вашингтон, каде што ќе оствари средба со претставници на американскиот Конгрес, Стејт департментот, како и амбасадата на Република Македонија во САД.

За време на престојот во Вашингтон, министерот ќе оствари средба со менаџментот на водечките американски болници, како и интернационални организации од областа на здравството, со цел размена на искуства и формирање стратешки партнерства за реформи во здравството.

Во рамки на работната посета на САД, министерот ќе престојува и во Њујорк каде што ќе се сретне со претставници на Светската здравствена организација, како и со раководството на реномирана њујоршка болница.

– Оваа посета е од клучно значење за македонското здравство и веруваме дека со овие средби ќе овозможиме размена на искуства кои потоа ќе ги примениме како темел за реформи во здравствениот систем.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.