МЕНУВА ПО 30 СКАФАНДЕРИ И ВОЗИ ПО 100 КИЛОМЕТРИ ДНЕВНО – каков е работниот ден на позитивниот Денис

Денис Јанкуловски, вработен во Центарот за јавно здравје Скопје, многу добро познат на јавноста како човекот кој ќе ви земе брис кога ќе почувствувате симптоми на коронавирусот, и како еден од најпозитивните ликови во текот на целата корона криза, за Сител раскажува како му почнува (со песна) и поминува работниот ден, како мора да се остане позитивен и да не се стравува во оваа ситуацја, колку често го менува скафандерот заради кој и самиот се нарекува космонаутко…

На прашањето колку време му треба да се опреми за да излезе на терен, но и колку често го менува костумот, тој со одговор.

„Околу опремувањето, тоа после овие седум-осум месеци, стана мала рутина, така што, оди и малку побрзо. Во однос на менувањето на скафандерот, колку локации ќе имате во текот на денот, толку скафандери треба да се сменат. Значи, за секое место на земање здив, толку скафандери треба да се сменат“, вели Јанкуловски.

Прашан на колку места деневно зема во просек брис, вели дека еден период брисевите беа намалени.

„На почетокот беа 30 до 50, потоа малку се намалија, сега пак се околу 20 до 30 места, јас индивидуално, а и моите останати колеги“, вели Јанкуловски.

Во однос на километрите кои дневно ги поминува, вели дека во денот поминува меѓу 80 и 100 километри.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.