Медицинските сестри бараат повеќе да се цени нивниот труд!

Подобри услови за работа и поголеми плати побараа медицинските сестри. Уште еднаш укажаа дека загрижувачки е намален бројот на сестрите, акушерките и инструментарките во сите јавни здравствени установи.
-Паѓа бројот на медуициснки сестри во сите ЈЗУ од различни причини, од пензионирање, од заминување надвор од преквалификации, изјави Велка Луќиќ, претседател на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки.
– Трудот на сестрите инструментарки не е валоризиран, изјави Аница Миленковска, мед.сестра инструментарка на Клиниката за трауматологија.
-Платите ни се мали, треба повеќе да се цени трудот, изјави Лејла Асани, главна мед.сестра во Здравствен дом Скопје.
-Се надеваме дека условите ќе се подобрат, изјави Тања Трајковска, одделенска сестра на Клиниката за гинекологија.
Министерот за здравство вели дека е свесен за проблемот со недостигот на средно медицински кадар.
-Ќе вработиме медицински сестри онаму каде што најмногу треба за да не дозволиме да се затвораат одделенија, изјави д-р Венко Филипче, министер за здарвство.
Во Македонија работат околу 7000, а пред 10 години имало 9000 медицински сестри.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.