Медицинскиот персонал од скопските клиники на протест против зголемување на цената на паркингот!

На инцијатива на повеќе од 200 вработени во Клинички, а со поддршка на Синдикатот, денеска за време на законски предвидената пауза од половина час, од 10 до 10 и пол на ХЕЛИОДРОМОТ се одржува протест против одлуката на Советот на град Скопје за наплата на месечна карта од 850 денари за вработените од Клинички.Освен што покачувањето се одразува дирекнто на нашиот буџет, градоначалникот директно со лична изјава длабоко ни го повреди достоинството! Освен децидно неприфаќање на одлуката,, ќе понудиме предлози и здрави решенија во интерес наш, но и на пациентите! Нареден чекор, од задутре е блокирање на наплатните места за користење паркинг. Паузата е време во кое ќе покажеме дека нема повеќе да не цедите по џеб и навредувате како професионалци, стои во повикот на медицинскиот персонал кои се организираат преку социјалните мрежи.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.