Мажите во Хрватска не можат да се одделат од мама и тато

На ниво на ЕУ мажите подоцна заминуваат од родителскиот дом отколку жените.

Просечната возраст кај мажите е 27,2 години, а кај жените е 25,1 година.

Скандинавците и Швеѓаните живеат самостојно на просечна возраст од 19,7 години.

Младите мажи во Хрватска најдолго остануваат да живеат со родителите, објави Еуростат. Хрватите заминуваат од родителскиот дом во просек на 33-годишна возраст.
Истиот тренд важи и во другите земји од Европа, особено во Италија и Малта, каде што мажите се осамостојуваат по 30-та година.  Хрватките престануваат да живеат со родителите на возраст од 29,6 години и се на второ место по старост во Унијата, зад жените во Малта со 29,9 години, објави Хина.

Тоа е особено изразено во земјите каде што има најголема невработеност на младите до 25 години и во овие земји расте и возраста за иселување од родителскиот дом.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.