Мажите потешко се справуваат со вирусите!
Според истражување на германски научници постои разлика во начинот на кој телата на мажите и жените реагираат на настинки и вирози.
Истражувањето на докторката Бетрик Грубек Лобенштајн покажало дека мажите навистина полесно се разболуваат од жените и потешко се борат против вирусите.
Причината за тоа е во хормоните, конкретно во женскиот хормон естроген кој помага во брзото размножување на антителата кои се борат против вирусите. Машкиот хормон, тестостеронот, му дава поголема физичка сила на машкото тело, но има негативен ефект врз размножувањето на антителата.
Причината за создавање на оваа разлика низ еволуцијата, научниците ја гледаат во женската улга во создавањето на потомско, поради што имунитетот на жената еволуирал и станал понапреден за да помогне да се заштити фетусот или бебето од инфекции.