Мажите кои пушат марихуана се послаби љубовници!
Доколку сакаат малку интимна „забава“ со своите партнерки, мажите би требало да заборават на марихуаната, тврдат научниците, кои наведуваат дека алкохолот не е единственото нешто што негативно влијае на сексуалната моќ на припадниците на машкиот пол.
Според нив, марихуанта предизвикува исти последици врз мажите како и алкохолот, и покрај раширеното мислење дека „тревата“ ја заголемува издржливоста во кревет.
– Мажите поради марихуаната само добиваат поинаква перцепција за времето, па мислат дека чинот трае подолого, но во суштина нивната сексуалната моќ е послаба, тврдат научниците. Тие дошле до ваквите заклучоци со истражување на влијанието на марихуаната врз ерекцијата кај мажите.
– Кај мажите кои секојдневно пушат марихуана, постои трипати поголема веројатност да имаат проблеми со ерективната дисфункција во споредба со оние кои немаат таква навика, наведуваат научниците