Мажите и жените сонуваат различни сонови!

157

Мажите често сонуваат за секс, работа и физичка агресија, жените сонуваат за семејство, домашни потреби и облека, изјави за ДПА Михаил Шредл, професор на Институтот за ментално здравје во Манхејм.

Во машките сонови често се појвуваат непознати луѓе, а кај жените луѓе од доверба, додава Ханс-Гунтер Вис, шеф на одделот за нарушување на спиењето на Фалзклинкум, психајтриска болница во Германија.

Научниците од Германија ги прегледале сведоштвата за соновите на неколку илјади луѓе во Германија од 1956 година до 2000 година.

Во заклучоците кои се објавени во списанието „Psychologie heute“ наведуваат дека половите разлики во соновите и покрај еманципацијата не се битно променети во овие, повеќе од 40 години.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.