Матичните лекари разочарани од MЗ и од ФЗОМ
Матичните лекари се разочарани зошто и по месец дена од договорот со министерстерот и директорите на Фондот за здравство не е реализирано нивното долгогодишно барање пациентите да не се бришат ако докторот почине или замине во пензија туку да останат кај сопственикот на ординацијата до доаѓањето на друг лекар.
-Морам да искажам едно големо разочарување од матичните лекари. Дефинитивно ништо не се случува, нема никаква најава за реазлиација на договореното, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.
Од министерството за здравство одговорија дека сеуште работат на изнаоѓање решение за долгогодишниот проблем на пациентите и на приватните здравствени установи.
-Барањето на матичните лекари моментално се разгледува во Фондот за здравствено осигурување од аспект на изнаоѓање на соодветно решение во полза и на пациентите и на лекарите од примарна здравствена заштита.
Во одговорот од здравство додаваат дека по завршувањето на неопходните анализи ќе утврдат како ќе се реализира договореното барање на матичните, но не прецизираа кога и како тоа би се извело дали со законски измемни или со промена во сегашните правилници правилници.