Матичните лекари излегоа на протест – Револтирани се од договорите со Фондот
Протест на стотина матични лекари низ државата – Паузата ја искористија за да го искажат револтот од новите предлог договори на Фондот за здравствено осигурување кои според нив се премногу ригорозни и на штета на докторите. Претседателката на здружението на приватни лекари од пред подрачната на Фондот во Велес порача дека тие нема да стават потпис на такви документи и ги праша здравствените власти дали им требаат матичните или и тие да заминат во странство.
– Владата прави политика за намалување на казни а ние во овие прелог договори имаме казни на цел буџет, па од што ќе функционираат установите. Има нмогу модели, бугарски хрватски каде нема ниту една казна а ние во обие предлог договори имале 51. Отворено нека ни кажат, ако не требаат доктори, уште тие 1533 што останавме да се спакуваме и организирано да заминеме во Германија, вели др. Лилија Чолакова, претседател на ЗПЛРМ
Освен договорите од Фондот, матичните се разочарани и поради неисполнување на ветувањето од министерот Филипче, пациентите да се водат на ординацијата а лиценцата да биде на приватната здравствена установа. Велат дека воопшто ги нема во новиот прелог закон за здравствена заштита кој веќе е доставен на гласање во собранието.
– И по толку средби и разговори, тој член го нема, не сме опфатени и ниту една препорака не е прифатена. Мора да имаме услови да работиме, вели Чолакова.
И во понеделник ќе има протести на лекари се додека Фондот како што бараат не ја смени казнената политика од договорите. За ова со надлежните преговара и работна група од лекарската Комора.