Мастиките дебелеат!
Гумите за џвакање обезбедуваат освежувачки здив и пријатен вкус во устата, но новите истражувања покажуваат дека може да го зголемат ризикот од таложење на вишок килограми. Научници ги поделиле учесниците во 2 групи. Една група пред јадење џвакала гума со нане вкус, а другата група со вкус на овошје.
Резултатите покажале дека кај учесниците по џвакањето, вкусот на овошје и зеленчук не им бил примамлив. Првиот избор им била брза храна и чипс. Учесниците учествувале во игри каде главни награди биле овошје и зеленчук и брза храна. Многу помала била упорноста да победат онаму каде наградата е овошје. Научниците велат гумата за џвакање го менува вкусот како на пример сокот од портокал по џвакање и миење на забите има многу лош вкус. Претходни истражувања покажале дека луѓето кои џвакаат гуми јадат помалку оброци во ден, но нивното јадење е многу помалку хранливо и со поголем внес на калории. Експерти препорачуваат дека секој може да спроведе свое истражување со тоа што ќе запишува се што јаде и пие во период од 2-3 недели вклучувајќи и гуми за џвакање. На тој начин може да дојдат до податоци како на пример кои се причините за подуеност, запек или дијареа како и алергија на некоја храна.