Маските содржат заштитни обвивки и материјали што го намалуваат ризикот да вдишите патоген, еве како правилно се користи

Маските се заштита од коронавирусот, но првенствено за луѓето што се веќе заразени со КОВИД-19, за да не го шират на другите.

„Мора да бидат стерилни и стерилизирани пред да ги ставите на лице“, објаснуваат докторите.

Тие нагласуваат дека правилното користење подразбира да ја смените маската при секое излегување и влегување во некој простор, а пред воопшто да ја допрете, би требало да ги извадите ракавиците, да ги фрлите во ѓубре и да ги измиете рацете. Дури потоа, внимателно извадете ја маската и фрлете ја во корпа за отпадоци.

„Маската никако не би требало да ја користите повеќе пати, бидејќи евентуалните патогени се задржуваат во неа, а ако ја допирате со ракавиците со кои ги допирате разните површини, тоа е исто како да ја допирате со нечисти прсти. Маската треба да ја фрлите веднаш штом дојде во контакт со зараза. Памучните маски може да се извријат и испеглаат, но тие не се целосна заштита“, предупредуваат докторите и додаваат:

„Маската се користи индивидуално. Ако земете туѓа маска и ја ставите на лице, тоа е исто како да сте ставиле нечија долна облека. Имено, доколку тој човек е заразен не само со корона, туку и со грип или некоја друга инфекција, патогенот ќе се задржи на маската која вие ќе ја ставите на лице. Тоа е сигурен пат до зараза и со тоа го загрозувате вашето здравје. Никако не би требало да користите туѓи маски“, заклучуваат докторите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.