Машките или женските бебиња се раѓаат поздрави?

236

Познато е дека стапката на живородени машки деца е повисока отколку кај женските, но, исто така, девојчињата се раѓаат поздрави и во подобра општа состојба од момчињата. Научници се посветени на истражување, со цел да ја откријат причината за овој феномен и да придонесат за поголемо преживување на момчињата по породувањето.

Истражувањето на научници од австралискиот универзитет во Аделаида покажа дека момчињата генерално се раѓаат во полоша физичка состојба отколку девојчињата. Машките деца растат побрзо во утробата и имаат поголема родилна тежина. Сепак, брзиот раст ги изложува и на поголеми ризици по здравјето.

“Нашето истражување покажува дека постојат непобитни генетски и физиолошки разлики меѓу момчињата и девојчињата. Клучен фактор во разликите во развојот на машките и женскте новороденчиња може да биде во плацентата.

Австралиските научници заклучиле дека постојат разлики меѓу половите во регулирањето на гените во плацентата. Тие откриле дека кај женските бебиња постои поголема генетска експресија во развојот на плацентата. Истражувањето е важно да помогне во идентификувањето нови терапии за бремени жени, во зависност од полот на детето, како и да им помогне на новороденчињата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.