Малолетните навивачи не смеат да останат хулигани и да тепаат по улици!

Ако изгуби тимот за кој навивате, не значи дека разочарувањето треба да заврши со крвопролевање и тепање каде жртви можат да бидат невини граѓани. Последниот инцидент од пред неколку денови кога на Бит Пазар имаше тројца повредени и искршени автобуси но и многу уплашени старци и деца, според психолозите укажува дека ситуацијата веќе е дојдена до точка на вриење бидејќи главни виновници се малолетници. Причината е нетрпението меѓу навивачки групи на два различни фудбалски тимови. Хулиганството кај навивачите е тренд во Македонија и изминатите месеци има повеќе примери на дивеење  кое од спортските трибини продолжува по улиците. Кој е виновен што младите наместо со спортски дух стануваат насилници?

-Не сите стануваат насилници. Треба да се направи профил на оние кои применуваат агресија, кои се зошто, како..Тоа е веќе група каде нема поединечна вина и тогаш агресијата расте. Тоа влече корени со години и е одраз на она што се уште се бараме каде сме, мислам како држава и мора психолошки настап за ова. Не треба ваквите лица да ги казнуваш, туку да се разговара со нив, вели Мирјана Јовановска Стојановска, психолог.

По инцидентите навивачките групи може да добијат забрана за следење на натпревар. Според психолозите, казната не е решение за тоа, особено кога се вклучени деца. Мора психолошки пристап и разговор со нив. Но проблем кај нас е што во образованието нема ниту м од ментално здравје на учениците.

-Работиме на тоа да се смени законот и кога ученик е казнет да има неколку психолошки разговори и да му се објасни зошто е казнет, вели Стојановска.

Освен педагошкиот дел, поголем ангажман мора да имаат и родителите. Да не применуваат сила пред децата, туку да им укажат дека со насилство ништо не се решава. Тепачките межу навивачи не се проблем само во Македонија. Но лошо е кога во нив се вклучени младите.

Хулиганството во кое учествуваат малолетници не смее да остане составен дел од спортскиот амбиент во земјата. Психолозите апелираат на поголем ангажман и на родителите и на надлежните институции за да спречат нови инциденти и тепачки.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.