Мали тајни за среќен брак!

Бакнеж за пречек. Наместо со прашања како „Купи леб?“ и „Ги плати сметките?“, пречекувајте го вашиот сопруг со бакнеж и прашања од типот „Како си?“ и „Како помина на работа?“

Грижа за надворешниот изглед. Физичката привлечност е многу важна. Издвојувајте си време за да изгледате убаво и да го одржувате вашето тело во форма. Разубавувањето и физичката активност не само што ќе ви ја зголемат самодовербата, туку и ќе му укажат на вашиот партнер дека сакате да изгледате привлечно за него.

Секси планови. Брачните парови знаат дека спонтаниот секс е реткост. Покрај стотиците обврски и децата, многу ретко се случува да можат да ѝ се оддадат на страста непланирано. Затоа, искористете ја моќта на планирањето и испланирајте си секси вечер. Планирањето нема да ја убие вашата страст.

Мили зборови. Кажувајте си „Те сакам“ барем двапати дневно. Започнувајте го и завршувајте го денот со зборови кои ќе ја потенцираат вашата љубов.

Подароци без повод. Многу луѓе повеќе ги ценат малите подароци подарени без повод, отколку оние подарени за родендени, годишнини и сл. Па, не чекајте да дојде вашата годишнина за да го изненадите со нов комплет долна облека или билети за спортски натпревар. Потсетете се колку добро се чувствувате кога тој ќе ве изненади со мал подарок и направете го подарувањето без повод почеста практика во вашата врска.

Раздели, па уживај. Желбата за љубов, блискост и интимност со партнерот лесно може да биде убиена од презафатеноста со домашните обврски. Кога едниот партнер ги извршува повеќето обврски низ домот, кај него се јавува фрустрираност. Важно правило за среќен брак е да ги разделувате обврските. Ако тој е маж, не значи дека не може и не знае како се брише прашина. Така ќе си ослободите повеќе време во кое ќе можете да уживате и да ја негувате интимноста во врската.

Мали паузи. Дури и во најидеалните врски, партнерите имаат потреба да поминат одредено време разделени. Тој има потреба да се излежува гледајќи спортски натпревар, а вие имате потреба да излезете на кафе со пријателките. Не ги игнорирајте таквите потреби и не се обидувајте сè да правите заедно. Среќните парови не се заедно 24 часа на ден.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.