Македонските трауматолози со апел до возачите!

Со скршеници на раце, нозе, колкови и набиеници по телото само изминатите две недели во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски биле примени 18 лица повредени во сообраќајни несреќи.

Трауматологот Виктор Камиловски вели дека ниту еден од нив не е во тешка здравствена состојба, но овој период секојдневно хоспитализираат пациенти од сообраќајќи. Тој вчера попладне оперирал жена со фрактура на рамо која како совозач била повредена во несреќа во Скопје. Во болничкиот билтен имаат и матуранти кои возеле под дејство на алкохол.

– Бројот на повредени во сообраќајќи е во пораст. Поради тие повреди, во зависност дали е на раце или нозе, може да дојде и до инвалидитет. Брзо возат не внимаваат, односно, потребно е прво превентива и повеќе укажувања на младите дека е опасно да возат под дејство на алкохол, вели Виктор Камиловски, трауматолог во Клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски

Камиловски објаснува дека зборувањето на мобилен и пишувањето на пораки додека возат за четири пати ги зголемува шансите од предизвикување на сообраќајна несреќа и повредени патници и пешаци. Во сезоната кога се актуелни моторите, повтнро упати апел до нивните корисници задолжително да носат кациги кои можат да им го спасат животот доколку учествуваат во сообраќајка.

-За 37 проценти има заштита да не дојде до сериозно оштетување на главата односно, до крварење во мозокот па и повреди кои можат да бидат фатални. Кацигата штити и тоа мора да го знаат моторџиите, вели Камиловски

Според статистиката на Светската здравствена органзиација, над еден милион лица во светот годишно се жртви од сообраќајни несреќи.

Стенд уп..И покрај загрижувачките бројки, учесниците во сообраќајот пак си тераат по свое. Само изминатите три дена скопската полиција казнила 16 возачи кои возеле брзо, тројца поради алкохолизирана состојба биле исклучени од сообраќај а 22-ца заработиле казни бидејќи не носеле сигурносен појас или зборувале на мобилен.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.