Македонскиот фудбал го одбележува „Светскиот ден на срцето“

Оваа година Фудбалската федерација на Македонија го поддржува „Светскиот ден на срцето“, најголемата светска кампања за подигнување на свеста за кардиоваскуларните болести (CVD), кои вклучуваат болести на срцето и срцев удар, и за едукација на населението за придобивките од активен и здрав животен стил.

Светската Федерација на Срцето, во соработка со УЕФА и нивниот официјален партнер за здрав живот – Здрав Стадион, секоја година на 29 септември го одблежуваат „Светскиот ден на срцето“. Работејќи заедно со европското фудбалско семејство можеме да дадеме значаен придонес кон намалување на предвремена смртност и попреченост предизвикани од кардиоваскуларни заболувања.

Темата на кампањата за светскиот ден на срцето 2018 е „Мое срце, Твое срце“. Твоето срце е моторот на твоето тело –  затоа е важно да се грижиш за него. Но, грижата за твоето срце не е секогаш лесно да се постигне.

Оваа година, Светската Федерација на Срцето бара од луѓето да дадат ветување за срцето – посветеност кон менување на животните навики со цел да ги одржиме нашите срца здрави. Бидејќи секое срцебиење е важно.

Преку тимска работа со пријателите, семејството и колегите можеме да си помогнеме едни на други во постепено менување на животните навики кое може да има големо влијание на здравјето на срцето на нас самите, но и на здравјето на срцето глобално.

Мали промени, како на пример редовно вежбање, здрава и балансирана исхрана, умерено пиење на алкохол и престанување со пушење цигари може да превенира развивање на кардиоваскуларни заболувања. Доколку се поддржуваме и охрабруваме едни со други, поголема е веројатноста дека ќе почнеме да ги менуваме навиките и дека ќе го одржиме своето сопствено ветување кон срцето.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.