Македонија вчера на врвот според бројот на смртни случаи

Со 12 нови случаи Македонија вчера се најде на седмото место во Европа според бројот на починати како последица на коронавирус.

Пред земјава се само држави кои имаат меѓу 10 и 70 пати побројно население. На врвот е Русија со 93 смртни случаи, Велика Британија со 25 и Романија со 22.

По намалениот број на тестирања очекувано се намали и бројот на позитивни случаи па така вчера во Македонија од спроведени 868 тестирања, регистрирани се 132 позитивни случаи на коронавирус.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.