Македонија потпиша двогодишен договор за соработка со СЗО

183

На вчерашниот состанок во Будимпешта со Зузана Јакаб, Регионален директор на Светската здравствена организација, Министерот за здравство, Д-р Арбен Таравари го потпиша двогодишниот договор за соработка со Светската здравствена организација, со што Македонија стана една од првите земји да го направи тоа.

-Двeгодишниот договор за соработка е документ кој ја определува рамката за соработка помеѓу СЗО и Република Македонија.

Договорот за 2018/2019 година претставува наградба на веќе реализираниот договор за 2017/2018 година и дава насоки и цели за реализации во престојниот период.

Инаку активностите и целите предвивени во овој договор се во согласност со Здравје 2020 стратегијата на Светската здравствена организација. Оваа стратегија е веќе прифатена во Македонија и е во целост усогласена со нашите политики како министерство и воопшто како земја. Стратешки области за соработка се повеќе, но би ги издвоил, антимикробска резистенција, ментално здравје и здраво живеење, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

Денеска Таравари ќе има и свое обраќање на регионалниот состанок на Светската здравствена организација каде што ќе ги претстави приоритетите на министерството, предвидените реформи како и стратегијата 2020 на министерството која се прави во соработка со Светската здравствена организација.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.