Мајките кои дојат со помали шанси да добијат срцев или мозочен удар
Претходните истражувања покажаа дека доењето може да го намали ризикот од рак на дојка и рак на јајниците, како и од остеопороза и прекумерна дебелина, но научниците се надеваат дека ова ново откритие ќе ги поттикне мајките, доколку можат, да ги дојат бебињата наместо да ги хранат со шишенце.
Истражувањето беше спроведено меѓу 280.000 жени и откриено е дека колку подолго трае доењето, ризикот од кардиоваскуларни болести е помал.
„Здравствените придобивки од доењето за мајката може да се објаснат со брзото враќање на нормалниот метаболизам по породувањето”, вели Сен Питерс, научник од Оксфорд.
Таа додава дека метаболизмот во текот на бременоста драматично се менува, бидејќи мастите се складираат во телото за да се обезбеди енергија потребна за растење на бебето и за доење по раѓањето.
„Доењето побрзо и поефикасно ги намалува наталожените масти во телото“, вели Питерс.
Мајчиното млеко ги штити бебињата од инфекции и болести и се препорачува тоа да трае барем во првите шест месеци од животот на бебето.