Лутите пиперки го продолжуваат животот!
Едно истражување спроведено во Кина ги поврзува секојдневното конзумирање на лутата пиперка со намалување на стапката на смртност. Најочигледна е врската меѓу лицата кои не пијат алкохол, пренесуваат медиумите.
Посебно е забележано дека смртноста е намалена кај лицата кои јадат свежи лути пиперки.
Во студиите, тимот на научници предводен од профсорите Клифордом Вулфом и Брус Бин од медицинскиот факултет на Универзитетот Харвард успеал да го докажае позитивното влијание на капсаицин. Наводно капсаицин во комбинација со познатиот дериват на локалниот анестетик лидокаин доведува до отстранување на чувството на болка, но истовремено не причинува вкочанетост на мускулите и зашаметеност.
Се смета дека капасаицинот влијае на ослободување на ендогените опијати (ендоморфин) во мозокот и така доведува до подобрување на расположението кај луѓето кои јадат секој ден лути пиперки или јадењеа во кои се користи овој зачин.
Откритието на групата научници од Харвард може да ја прошири употребата на „лутото од пиперката“ како идеален анестеатик за време на породување, во стоматологијата, кај локалните оперативни зафати и слично.