Лутината и бесот виновни за срцеви и мозочни удари!

Оние кои се често лути или тешко го контролираат чувството на бес, освен што се непријатни за околината и им создаваат стрес, го уништуваат и своето тело.

Во физичка смисла, неконтролираниот бес најмногу влијае на кардиоваскуларниот систем. Покрај тоа што двојно се зголемуваат шансите за срцев удар, бесот и лутината кај кои се вложува голем напор да се контролира тесно е поврзан со болестите на срцето и го удвојува ризикот од болестите на крвните садови.

Од друга страна конструктивниот бес, оној во кој разговарате со некој кој ве налутил, па на сталожен и рационален начин го решавате проблемот, нема никаква поврзаност со срцевите заболувања туку е нормална и здрава емоција.

Кај луѓето кои имаат аневризма (проширување на артериите), по изливот на бес шансата е шест пати поголема дека таа ќе пукне. Лутината го слабее и имунитетот, па оние кои се нервозни и лути почесто ќе бидат болни, што може и дополнително да ги налути. Но, не страда само физичкото здравје туку и психичкото.

Силната лутина може да интензивира симптомите на општото анксиозно нарушување. Депресијата и лутината се директно поврзани, најчесто кај мажите. А, за да си олеснат непријатните симптоми, лекарите советуваат активности со кои ќе ја „истрошат“ лутината, како велосипедизам или трчање.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.