Лукот е превенција за рак на белите дробови!

Јадењето лук е добро за здравјето на целото тело, бидејќи состојките во него помагаат да се спречи воспаление во клетките, но исто така има иантиканцерогени дејства, тврдат од Кинескиот центар за контрола на болести. а Според истражувањето на повеќе од 5.000 луѓе, од кои 1424 имале дијагноза – рак на белите дробови, по јадењето лук двапати неделно двојно се намалува ризикот од појава на рак на белите дробови.
Лукот како превенција од рак на белите дробови делува и кај пушачи а оние кои редовно го користат овој здрав зеленчук помалку боледуваат од рак дури и оние кои се изложени на штетни испарувања.
Научниците немаат доказ дека истото дејство го има и варениот и печен лук па затоа препорачуваат јадење на свеж лук кој дејствува како моќен антиоксиданс во телото.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.