Луѓето со низок притисок имаат подобро ментално здравје

Во истражувањето, лицата чиј горен притисок бил 120, наместо 140, имале помали шанси за 19 проценти да развијат благо когнитивно оштетување.

Исто така, тие имале помалку знаци на оштетување на снимките на мозокот, а постои и можен тренд кон намалување на случаите на деменција.

Експертите ги поздравија овие новини. „Долго време знаеме дека висок притисок е лош за срцето, а сега откриваме дека тој е лош и за мозокот”, вели директорот на научните иницијативи во здружението, Џејмс Хендрикс.

Околу 50 милиони луѓе во светот имаат деменција, а Алцхајмеровата болест е најчестиот тип.

Превенцијата е клучна, бидејќи таквата состојба е неизлечива, а одредени лекови само ги олеснуваат симптомите. Истражувањето е направено врз повеќе од 9.300 луѓе со висок притисок.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.