Луѓето со крвна група А се поподложни на срцеви заболувања, кои опасности „им се закануваат“ на луѓето со останатите крвни групи?

Истражувањето покажало дека некои крвни групи се поподложни на одредени болести…

Докторската пракса покажува дека некои крвни групи се поподложни на одредени болести иако сè уште нема доказ зошто е тоа така.

Сепак, треба да ги преземете сите превентивни мерки – не е тешко!

Крвна група А, Б, АБ – склоност кон срцеви заболувања

Истражувањето покажало дека ризикот од коронарните болести на срцето се помали кај луѓето со крвна група 0. Експертите не се сигурни поради што е тоа така, но некои од истражувањата укажуваат на тоа дека луѓето од другите крвни групи веројатно имаат поголемо ниво на холестерол и поголема количина протеини кои што се поврзуваат со згрутчувањето на крвта, за разлика од луѓето со крвна група 0.

Крвна група А, Б – ризик од хеликобактер

Луѓето со крвна група А имаат поголем ризик да добијат хеликобактер. Тоа е бактерија која што вообичаено се наоѓа во дигестивниот тракт, упорна е и тешко може да се искорени целосно. Може да предизвика воспаление и чир на желудникот, а доколку не се лечи – дури и канцер на желудникот.

Исто така, молекулите од крвната група А и Б ѝ помагаат на хеликобактеријата да се размножува во цревата. Како последица на тоа може да се развие канцер на панкреас.

извор: tocka.mk

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.