Луѓето кои користат солариум се депресивни!
Околу 45 проценти од луѓето кои користат солариум на возраст од 18-34 години се незадоволни со нивниот изглед, особено на телото, покажува една студија на британскиот Центар за истражување на ракот. Околу 80 проценти од луѓето кои често користат соларум чувствуваат притисок од средината да изгледаат поубаво, додека 30 отсто од нив сакаат да имаат нагласен темен тен гледајки ги познатите личности. Повеќето корисници на солариумите сметаат дека луѓето изгледаат подобро кога имаат потемен тен, но не помислуваат на ризиците по здравјето, пишува Daily Mail.
За разлика од оние кои “страдаат од боја” и одат во салони за потемнување, меѓу луѓето кои никогаш не користеле солариум само околу 30 отсто од нив се незадоволни со нивниот изглед. Таа ја поткрепува теоријата дека корисниците на солариумите се многу оптоварени со својот изглед и се депресивни.
– На краток рок, корисниците на солариумските услуги може да изгледаат поубаво, но тоа е причина на нив да се видат рани знаци на стареење, како што брчки и темни дамки. Што е најважно, штетните зрачења во солариумите докажано е дека го зголемуваат ризикот од меланом – рече водачот на студијата, Каролина Церни.