Лоши навики кои му штетат на срцето!

256

Избегнувањето на физички активности и прекумерната тежина ви се веќе познати непријатели на срцето но дали сте знаеле дека и нехигиената на забите му штети на срцето?

Проблеми со забите

Кога последен пат ги поминавте вашите заби со конец? Денталното здравје има огромно влијание на здравјето на срцето.

Со неправилната хигиена во усната шуплина ги зголемувате хронични воспалувања на непцата, па во телото доаѓа до ширење на бактерии низ крвотокот и до срцето.

Нередовен сон

Мислите дека нема доволно часови во денот и позајмувате по неколку од ноќта, можеби подготвувате важна презентација за работа, се забавувате во диско или учите за испит.

Сонот ви е неопходен за да го намалите крвниот притисок и да го нормализирате чукањето на срцето. Лошите навики со спиењето го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања.

Не се сончавте годинава?

Една студија со 750 жени покажала дека оние кои одат еднаш на одмор на секои 6 месеци имаат за 50-80 проценти помала шанса за срцев удар. Жените кои не одат ниту еднаш годишно на одмор се чувствуваат подепресивни, уморни, напнати и понезадоволни од своите животи и бракови.

Затоа појдете барем една седмица на сонце и плажа годишно и секое убаво време користете го за прошетка во природа. Ќе ви го зголеми витаминот Д и ќе го намали стресот. Секогаш користете крема со заштитен фактор.

Не пешачете

Купувате брза храна со подавање на раката од автомобилот, а со него одите и кај пријателката на кафе, која живее на 15 минути пешачење од вас. Тешко дека на овој начин ќе ги постигнете препорачаните 10.000 чекори на ден.

Срцето нека ви пумпа, размрдајте ги мускулите!

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.