Лондонска компанија признава еднодневно боледување за пијанство!

199

На сите им се случува некогаш да испијат премногу, но една лондонска фирма реши дека отсега е доволно на шефот да му се испрати електронска порака со зборовите  „пиво“, „болен“ или „муузика“ и нему да му биде јасно што се случило. Лондонската компанија од музичкиот сектор им нуди на своите вработени боледување ден по пијанствата како би се ослободиле од мамурлакот и повторно би биле способни за работа.

„Нашите вработени веќе не мораат да измислуваат некој гаден вирус ниту да го менуваат гласот на телефон“, наведуваат од компанијата „Dice“, специјализирана  за продажба на концертни карти преку смарт телефони.

„На целата наша екипа музиката и е во крв и некои од нашите најважни договори се потпишани по концерти“, објаснува Фил Хатчеон, основач и сопственик на компанијата. Вработените имаат право четири дена во годината да земат боледување заради трезнење.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.