Лицата со пулмонална хипертензија 40 дена се оставени без неопходниот лек!

197

Здружението на лица со пулмонална хипертензија „Момент плус” од Гевгелија бара на 10-те лица заболени од оваа ретка болест да им се обезбеди основен лек за третман бидејќи, како што наведуваат, мора приватно да го купуваат.

– Пулмонална хипертензија е ретка болест и од неа во Македонија боледуваат 10 лица. Немање лек за нив значи сигурен летален исход. Во основа страдаат белите дробови и срцето. Овие лица веќе 40 дена немаат основен лек за третман и се принудени да го купуваат од сопствен буџет. Поради невидливиот инвалидитет се работонеспособни, стои во соопштението од Здружението.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.