Лицата со оваа крвна група имаат помал ризик од инфаркт!

Лицата со нулта крвна група имаат за девет проценти помал ризик од инфаркт, наведуваат експертите.

Експертите од медицинскиот факултет во холандскиот Гронинген сметаат дека лекарите во иднина би требало да ја вклучат и крвната група меѓу факторите за проценка на ризикот за развој на крдиоваскуларните болести.

Научниците спроведоа големо истражување за кардиоваскуларните болести и нивните крвни групи, во кое биле вклучени повеќе од 1,3 милиони возрасни лица од девет различни студии.

Кога ги исклучиле вообичаените фактори кои доведуваат до развој на кардиоваскуларни болести, заклучиле дека луѓето кои имаат крвна група нулта имаат за девет проценти помал ризик од лицата со крвна група А, Б и АБ.

Лицата кои ја имаат оваа крвна група имаат поголема концентрација на протеинот за згрутчување на крвта – што предизвикува создавање на тромб.

Исто така лицата со тие крвни групи, особено А, се склони на високи нивоа на холестерол во крвта.

Научниците, сепак, напоменуваат дека се потребни дополнителни истражувања за попрецизно да се утврди врската меѓу крвните групи и зголемениот кардиоваскуларен ризик.

Резултатите од истражувањата се претставени на годишниот собир на Европското друштво на кардиолози во Париз.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.