Летото требаше да го успори ширењето на коронавирусот и да нè спаси, но зошто топлината не го уништи коронавирусот?

Летото требаше да го успори ширењето на коронавирусот и да нè спаси. Политичари, научници и лекари зборуваа за тоа како топлината и сончевата светлина може да го убие вирусот. Ова беше заклучок на многу истражувања за други вируси, како грипот. Но веќе сме на крајот од јули и гледаме дека топлината не го успори ширењето на вирусот.

Низ светот досега се заразија милиони луѓе, а починаа стотици илјадници како последица од болеста Ковид-19 предизвикана од коронавирусот. Во САД, вирусот е најраширен во најжешките сојузни држави, како Тексас, Аризона и Флорида. Тогаш, зошто топлината не го уби коронавирусот? Питер Хотез, декан на Националниот факултет за тропска медицина на униеврзитетот „Бејлор“ во Хјустон, САД не е сигурен дека го има одговорот на ова прашање.

Во лабораторијата, експериментите на респираторните вируси покажале дека сончевата светлина, температурата и особено влажноста во воздухот влијаат на пренесувањето на вирусите од лице на лице. Во болниците редовно се користи ултравиолетова светлина за убивање на вирусите. Влажноста може да влијае на должината на задржувањето на аеросолите во воздухот. Самиот вирус САРС-Ков-2 е обвиен во мембрана која се пече на високи температури.

Но, она што се случува во лабораторијата и во реалниот свет се две различни работи. Според Хотез, очигледно не може да се види доказ дека сончевата светлина, топлината и влажноста имаат уништувачки ефект на коронавирусот. Пред сè, видот ултравиолетова светлина која се користи за убивање на вирусите во болниците не е иста како ултравиолетовата светлина која поминува низ атмосферата како сончева светлина.

Освен тоа, фактот дека коронавирусот е нов вирус, што значи дека никој не е имун на него, значи дека дури и малите ефекти кои можеби ги имаат топлината и сончевата светлина не може да се препознаат.

Текстот продолжува на ФАКУЛТЕТИ.мк

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.