Летото слабејте со банана, ќе се изненадите од резултатот!
Бананите се богати со скроб кој има низок гликемиски индекс, што значи дека подолго се вари и остава чувство на ситост подолго време, истовремено делумно блокирајќи ја апсорпцијата на јаглехидрати.
Оваа диета која подразбира започнување на денот со банана и чаша топла вода е позната како „утринска банана“ и е многу едноставна.
Таа влијае на слабеењето бидејќи бананите всушност го стимулираат варењето и го забрзуваат метаболизмот. Бананите се богати со скроб кој има низок гликемиски индекс, што значи дека подолго се вари и остава чувство на ситост подолго време, истовремено делумно блокирајќи ја апсорпцијата на јаглехидрати.
Луѓето кои сакаат да ја испробаат оваа диета би требало да избегнуваат вечера после 20 часот и да избегнуваат десерт после вечерата.
Од намирници не смеете да конзумирате само млечни производи и алкохол, а другиот услов е бананите да бидат свежи, а не печени или замрзнати.
Значи, нормалното дневно мени треба да го содржи следното:
Појадок
- Една или повеќе банани (додека не се почувствувате сито)
- Една чаша топла вода
Ручек
- Оброк по ваш избор и свежа салата
- Слатки и десерти се дозволени до 15 часот ако се чувствувате гладно
Вечера
- Оброк кој содржи многу зеленчук
- Прескокнете го десертот
Доколку се придржувате до правилата, нутриционистите тврдат дека во рок од една недела ќе симнете и до 5 килограми.