Лесни трикови за помалку килограми

192

Има трикови кои, според некои експерти, ќе ви помогнат во борбата против килограмите.

Прво, „вооружете се” со јаболка, пеперминт и со праски, бидејќи некои студии покажуваат дека мирисот на овие намирници го намалува апетитот. Една компанија пред неколку години дури направила парфем за слабеење со ароми кои, наводно, ги спречувале дамите многу да јадат.

Второ, изгасете го светлото кога одите на спиење. Тој совет е заснован на истражување според кое луѓето кои спијат во темни простории без светло кое доаѓа од страна или наутро ги буди (вклучувајќи ги и одблесоците од часовниците и телефоните), имаат подобар метаболизам и се повитки.

И последниот, необичен трик можете да го примените кога одите во продавница. Наместо со картичка, плаќајте во готово, бидејќи така помалку ќе трошите на грицки и слатки, што на долг рок ќе спречи таложење на килограмите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.