Лековитите дејства на црната рибизла

 

Црната рибизла е позната по своите плодови, кои главно се користат за производство на сокови и слатка. Плодовите се користат и во традиционалната фитотерапија, но нивната употреба за лекување денес е речиси заборавена.
Во медицинската фитотерапија се користат и листовите, а пупките од млади листови се користат за изработка на глицерински мацерати. Употребата на препарати од листови на црна рибизла е популарна во француската фитотерапија и се опишани во француската фармакопеја.

Листот содржи траги од етерични масла, деривати од флавоноидите изокверцетин и рутин, флаванони (сакуранетин) и флавоноли (галокатехин), соединенија проантоцијаниди (проделфинидини) како и деривати на кофеинска киселина, хлорогенична и п-кумаринска киселина.

Содржат високо ниво на Ц витамин и антоцијани. Употребата на црната рибизла како природен извор на витамин Ц потекнува од Велика Британија во текот на Втората светска војна, кога дошло до недостиг на агруми како што е лимонот, а тоа се задржало до денес.

Добриот сооднос на витамин Ц и антоцијани помага при тегоби како што е недостиг на витамин Ц во исхраната, испукани капилари и како стимулационен напиток.

Она што е интересно – е дека во внатрешноста на плодот се содржат масла од високоенергеткската масна киселина, Y-линоленска киселина (GLA). Поволно делува кај болести како што е псоријазата и при болни менструации. Но, за жал, маслото од црна рибизла е доста редок производ на пазарот.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.