Лековитите дејства на ориганото
Истражувањата покажале дека ориганото има два до три пати поголемо антиоксидативно дејство од другите производи. Од јаболките дури 42 пати повеќе, од компирите 30 пати, портокалите 12, боровинките четири пати…
Чајот од оригано регулира бројни здравствени тегоби предизвикани од падот на имунитетот и нарушувањето на цревната флора, а посебно се препорачува во случај на бронхит, настинки, воспаление на грлото. Неговиот вкус е, навистина, необичен, а интензивното чувство на горчливост се задржува подолго време по пиењето. За да не погрешите со дозата, најдобро е во аптека или во продавница за здрава храна да купите чај во ќесички.
Доколку сакате сами да го направите, во 2 дл зовриена вода ставете една до две лажички иситнети ливчиња оригано и оставете да стои поклопено најмалку пет минути. Потоа процедете и пијте. Готовиот чај чувајте го поклопен во поголем чајник, бидејќи колку подолго стои, станува повкусен, но само доколку е топол.