Лековите наместо два пати ќе поевтинуваат еднаш годишно

119

Наместо два пати лековите ќе поевтинуваат еднаш годишно. Владата ја усвои иницијативата на министерството за здравство. Образложението е да се отстрани непотребната администрација и да се намалат трошоците за работата на комисијата. Но, од ресорното министерство не одговорија на прашањата cколкава ќе биде заштедата и колку луѓе за колку пари се ангажираат во работата на оваа комисија. Во кусата информација посочуваат:
– Досегашната пракса покажа дека позитивни ефекти имаше во првите три години додека во наредните три години нема значителна промена на цените во однос на претходно одобрените. Имајки го во предвид горенаведеното се предложи ревизијата да се спроведува еднаш годишно и тоа во месец Март.
Инаку методологијата за начинот на формирање на цените на лековите беше донесена во 2011. Лековите почнаа да поевтинуваат пролетта идната година . Ревизијата на цените на лековите се спроведуваше два пати годишно во Март и во Октомври. Целта според надлежните беше да се овозможи контролирање на цената на лековите (преку споредување на цената на истиот тој лек во 12-те референтни земји) од една страна и од друга страна овозможување на единствени цени на лековите кои се издаваат на лекарски рецепт, зошто претходно еден ист лек се продаваше по различна цена во аптеките.
Од 2012 година до лани два или повеќе пати поевтинија над 4800 лекови.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.