Лекарка од Детска клиника за 3 месеци на пет функции! – По кои критериуми ги бираат?

2,483

По колку функции изминатите месеци добија доктори од клиниките и болниците?  Името на лекарка  од Детска клиника во моментот е на 5 списоци  – покрај раководител на оддел,  членува и во Управен одбор, во комисија за лекување во странство, советник како и одговорна во комисија за изработка на протоколи за работа. Уште неколку лекари кои членуваат во Управни одбори се предложени и во комисиите кои одлучуваат за лекување во странство а на други места имаат и советодавни функции. Тоа е дополнителна заработувачка за докторите имајќи во предвид дека од членувањето во Управен одбор земаат 10 000 денари а 3000 денари од една седница се и фондовските комисии, или месечно најмалку 12 000 денари.

По кои критериуми ги бирале и поставувале и дали е етички и морално еден лекар да биде на неколку места не добивме конкректен одговор од Министерството за здравство. Но заменик министерот Гоце Чакаровски  потврди дека ќе има ревидирање на сите комисии кои се под министерството, но и ќе проверат кој лекар по колку функции има. Го чекаат назначувањето на новиот министер за да се фатат за работа. Вели дека во здравствениот сектор има голем број на комисии. Ќе испитале кој е нивниот ефект од досегашното работење  и најверојатно дел од нив ќе бидат укинати.

Од Министерството за здравство вработени членувале во по десетина комисии и дел од нив наводно биле за без пари. Но затоа, пак, како што дознаваме од извори од клинички, неколку правници во министерството  земаат плус финансиски средства за законски измени, иако тоа стои во описот на нивното работно место.

Од претходниот кабинет на екс министерот Арбен Таравари речиси сите се поставени за членови во Управни одбори на клиниките.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.