Лекарите советуваат: Што треба да направите ако ве касне куче?

Граѓаните каснати од куче не треба сами во домашни услови да бидат лекари, туку да побараат помош од стручни медицински лица зошто раната треба хируршки и стерилно да се обработи за да не дојде до инфекција.
-Најчесто кај такви повреди опасноста од тетанус за која многу често зборуваме постои опасност и од секундарни инфекции пооради бацилите кои кучињата ги имаат во устата поради типот и начинот на исхранување. Прво треба раната да се обработи хируршки и да се обработи стерилно, изјави д-р Марија Анастасова, шеф на смена во Брза Помош Скопје.
Доктор Анастасова дедава дека после санирањето на раната од каснување од куче во првите 24 часа треба да се прими серум и тетанус- вакцина против беснило доколку пациентот не бил редовно вакциниран.
-Според СЗО последната вакцина против тетанус се прима на 18 годишна возраст и според нивните протоколи и препораки би требало да постои заштита во следните 10 години, доколку лицето редовно ги примило сите вакцини претходно, додава д-р Анастасова.
Од Скопската Брза помош велат дека многу ретко интервенираат на повици за лица кои биле нападнати од куче зошто повеќето граѓани веднаш оделе во дежурните болници и клиники. Месечно само на Инфективна регистрираат по стотина пациенти каснати од куче.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.