Лекарите или медицинските сестри – Кој треба да го мери крвниот притисок?

239

Кога кардиолог , интернист или општ лекар го мери крвниот притисок на пациент, тој автоматски скока до небото.

Научниците веруваат дека на пациентите притисокот треба да им го мерат медицински сестри, бидејќи анализите покажуваат дека лекарите обично добиваат резултати кои укажуваат на хипертензија.

Британски научници предводени од д-р Кристофер Кларк од Универзитетот во Ексетер, проучувале наоди од измерен крвен притисок кај 1000 пациенти кој им бил мерен едно подруго и од лекар и од медицинска сестра.

Резултатите покажале дека медицинските сестри добиваат резултати кои соодвествуваат на фактичката состојба, за разлика од лекарите.

– Понекогаш разликата во мерењето е до толку изразена што пациентот ја преминува границата за хипертензија и добива непотребни лекови а со тоа и на несакани ефекти – вели д-р Кларк.

Разликата е наверојатно во тоа што пациентите се понапнати кога притисокот им го мери лекар или пак се случува т.н. “ефект на бел мантил “, констатираат експертите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.