Лекари советуваат: Дневно треба да пиете по два литри вода!

170

Лекарите советуваат дека е неопходно да внесувате два литри вода дневно во вашиот организам за истиот да функционира нормално.

Еве што му се случува на вашето тело доколку не го хидратирате редовно.

Здравствени проблеми:

Со недостаток на течности во организамот се зголемува можноста за добивање камен во бубрезите, карцином на дебелото црево, како и срцев удар.

Забавување на метаболизмот:

Научниците дошле до сознанија дека човечкиот метаболизам почнува да функционира забавено кога телото е недоволно хидрирано.

Недостатокот на течности се одразува негативно на концентрацијата:

Истражувањата кои ги спровеле научниците откриле дека мозокот на дехидрираното лице се собира. За тоа како најдобар пример се покажале тинејџерите. Кога требало да решат одредена задача, во споредба со тинејџерите кои пиеле доволно вода, дехидрираните ученици морале многу повеќе да се трудат и подолго да размислуваат.

Зголемен апетит:

Истражувањата покажале дека ако не пиете вода при секое јадење, поголеми се шансите дека ќе внесете повеќе калории во организмот. Луѓето кои пиеле вода, за три месеци изгубиле во просек околу 2 килограми повеќе од оние кои држеле диета, а не пиеле доволно вода.

Ќе изгледате уморно:

Недстатокот на вода во организмот негативно се одразуава на кожата на лицето, влијае на појава на брчки и кожата ја губи природната еластичност.

Влијае на расположението:

Направени се истражувањата во кои жените и мажите правеле аеробни вежби во времетраење од 60 до 75 минути. За време на вежбањето, едната група постојано пиела вода, додека другата група не пиела доволно вода. Дехидрираната група била повеќе склона кон изразување на лутина, притисок, депресија и замор, за разлика од хидрираната група.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.