Легнете ги децата навреме за да немаат проблем со математика!

Доколку се уморни и ненаспани децата во училиште нема да може да ги извршуваат своите задачи, да пишуваат домашни и да учат што доведува до лоши резултати во училиштето.

Експертите советуваат децата да ги испратите навреме во кревет за да немаат проблем во некои предмети во училиште, а најмногу со математика и читање.

Во рамки на спроведеното истражување се следени деца од 3 и 7 години, како и нивните навики за одење во кревет. Оние кои немале регулирано време на легнување покажале полоши резултати од оние деца кои навреме оделе на спиење, имале добар сон и се одмориле.

Утврдено е дека тригодишни деца кои не легнуваат секоја вечер во исто време имаат проблем со регулирање на емоциите и има повеќе шанси да бидат дебели подоцна во животот. Децата може да имаат психички проблеми и да чувствуваат замор ако секогаш си легнуваат во различно време.

-Кога летате низ разни временски зони тешко ви е да функционирате кога ќе пристигнете на дестинацијата. Исто е и кај малите деца кога им го менувате времето за спиење бидејќи и тие се мачат како и возрасните. Сонот е важен за формирање и чување на сеќавањата, секојдневното учење е од голема важност за децата, вели Ивон Кели од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Во истражувањето учествувале над 11.000 деца чии активности се следени во период од четири години.

Доктор Кели им порачува на родителите да не очајуваат. Кај децата на кои родителите подоцна им вовеле прецизен режим за легнување во кревет е утврдено дека дошло до промени и позитивни резултати.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.