Куќа без елементарни услови за живот е домот на Трајковски, ќерката е со тумор на мозокот

42

„Како расте и се суши мозокот, може да остане слепа и да оглуви. Ова ми ко кажа доктор уште пред четири години“, вели Маја Трајковска.

Животот на 17 годишната Магдалена Трајковска секој ден виси на конец. Цели 9 години живее со дијагноза тумор на малиот мозок, а нејзиното семејство не може да и помогне. Повеќе од една деценија живеат во трошна куќа, скоро без тавани, без вода и купатило. Како што велат, преживуваат од хуманоста на луѓето. Родителите на Магдалена се неработоспособни, а таткото Милутин во 2011 на работно место ја губи десната потколеница. Инвалидската пензија од 11 илјади денари, како што вели мајката на Магдалена не е доволна ни за лековите на ќерката, а не и за лекување на сопругот и еден од трите синовите кој има попреченост и пречки во говорот.

„Струја имаме, но немаме вода во домот. Имаме големи долгови, неплатени сметки за вода и струја, не можеме да ги платиме. Сопругот е инвалид, без десна потколеница, а малата пензија за ништо не е доволна. Само најголемиот 26 годишен син работи. На девојчето му исплаќаа некоја минималана помош, па и ја укинаа…“, вели Маја Трајковска

Најтешко за еден родител е беспомошно да го гледа своето дете кое му венее пред очите, со тешко разбирлив говор вели Маја и упатува апел до хуманите луѓе да им подадат рака за излез од секојдневието кое го живеат.

„Спиеме се со стресови. Кога ќе легна на левата страна се гуши, не може да спие…“, вели Маја Трајковска

Најголемиот син кој има 26 години е единствениот кој работи во семејството, но како што вели неговата мајка, излез од дното на бедата и сиромаштијата нема.

„Јас сум половина човек, сопругот без нога, цело семејство сме болни. Ако може некој да ни помогне да ги платиме сметките за струја и вода. Во куќата сме без вода. И во лето и во зима перам и мијам надвор“, „Спиеме се со стресови. Кога ќе легна на левата страна се гуши, не може да спие…“, вели Маја Трајковска

Инаку, пред недела дена откако случајот за ситуацијата на семејството Трајковски се расшири на социјалните мрежи од општина Гази Баба понудиле помош за санација на домот, а Магдалена имала контакт со министерот за здравство Филипче, но целосен третман и помош, како што вели мајката на Магдалена не им бил понуден, но тие сепак се благодарни што некој барем ги слушнал.

„Како расте и се суши мозокот, може да остане слепа и да оглуви. Ова ми ко кажа доктор уште пред четири години. Не ни вети никој помош и третман за девојчето, министерот Филипче само не прими на разговор и за тоа сме благодарни“, вели Маја Трајковска.

Дали институциите на системот ќе бидат побрзи од развивањето на туморот на малиот мозок кај 17 годишната Магдалена, а напорите на надлежните за санација на куќата – посилни од забот на времето? Семејството Трајковски е благодарно за секоја помош, и се надеваат дека конечно нивниот крик за помош гласно ќе одекне и ќе излезат од бездната на сиромаштијата и болеста на Магдалена, која за жал, може да биде и кобна.

Видеото погледнете го на СИТЕЛ.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.