Краткорочниот стрес е добар за мозокот!
Додека хроничниот стрес може да го зголеми ризикот од срцев удар и има негативен ефект врз имунолошкиот систем, истражувачите откриле дека краткотрајниот стрес е добар бидејќи има позитивен ефект врз мозокот, а особено ова се однесува на зголемување на меморијата. Во студиите спроведени кај стаорци, американските истражувачи откриле дека краткорочниот стрес произведува нови клетки во мозокот кои го подобруваат функционирањето на мозокот.
Научниците заклучиле дека периодичниот стрес го чува мозокот буден и ги тера луѓето да бидат повнимателни и претпазливи.