Ковид пандемијата зеде уште еден живот на медицинско лице, битката ја загуби сестра Нашиде од „8-ми септември“

Пандемијата од Ковид 19 зеде уште еден живот на медицинско лице. Овој пат станува збор за сестра Нашиде Емини вработена на Одделот за дерматовенерологија во градската општа болница „8-ми септември“.

Веста за згаснувањето на животот беше објавена на фејсбук на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.

„Почитувани членови со огромна жалост ви соопштуваме за прерано згаснатиот живот на уште една наша колешка, жртва на ковид пандемијата, сестра Нашиде Емини (Naside Emini 1961-2021) која долги години беше дел од одделението за дерматовенерологија во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје“, се вели во објавата.

Ведриот дух, топлината и хуманоста со која зрачеше, трудољубивоста и посветеноста на работата се карактеристиките по кои ќе ја паметат нејзините колешки и сите оние кои ја познаваа.

Унијата на медицински сестри и целото членство изразувија длабоко сочувство до нејзиното семејство и нејзините најблиски.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.